Бил Гејтс: Светот треба да се врати во нормала до крајот на следната година
- Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против Ковид-19, изјави Бил Гејтс во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“ и телевизискиот канал
Варшава, 25 март 2021 (МИА) - Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против Ковид-19, изјави Бил Гејтс во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“ и телевизискиот канал ТВН24.
„Ова е неверојатна трагедија“, рече коосновачот на „Мајкрософт“ за пандемијата, додавајќи дека единствената добра вест е пристапот до вакцините.
„До крајот на 2022 година треба да се вратиме во нормала“, истакна Гејтс.
Гејтс, милијардер кој се повлече од челната позиција на „Мајкрософт“ во 2014 година, донираше најмалку 1,75 милијарди долари преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за глобален одговор на пандемијата. паг/