• недела, 22 декември 2024

Билчик повторно за изборите во Србија: Загриженост поради бројот на жалби и нерегуларности; опозицијата в недела најави големи протести

Билчик повторно за изборите во Србија: Загриженост поради бројот на жалби и нерегуларности; опозицијата в недела најави големи протести

Белград, 22 декември 2023 (МИА) -  Како постојан известувач на Европскиот парламент за Србија, секогаш сум ги повикувал српските власти целосно да ги почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР за спроведување на изборите, изјави вечерва европратеникот Владимир Билчик. Тој додава дека сака да разјасни некои прашања поради „ бројни погрешни толкувања“ на неговите изјави по парламентарните избори во Србија.

„Предвремените парламентарни избори на 17 декември се одржаа среде... политички поделено општество. Иако технички беа добро водени и поминаа без поголеми нарушувања, меѓународните набљудувачи пријавија бројни неправилности“, се вели во писмената изјава на Билчик.

„Тие вклучуваат злоупотреба на јавните ресурси, недостаток на поделба на официјалните функции и активности во кампањата, заплашување и притисок врз гласачите, вклучително и случаи на купување гласови. Дополнително, Регулаторното тело за електронски медиуми беше пасивно во текот на целата кампања и неговите претставници не комуницираа со меѓународните набљудувачи“, вели Билчик.

Тој потсетува дека како известувач за Србија секогаш ги повикувал властите целосно да ги почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР за спроведување на изборите.

„Постојат неколку параграфи поврзани со спроведувањето на изборите во мојот последен извештај за Србија, кој беше усвоен од големо мнозинство од европратениците во мај. Поточно, ставот 24 ја повикува Србија целосно да одговори на преостанатите препораки на ОБСЕ“, рече Билчик, наведувајќи дека тоа се однесува на прашањата за пристапот на сите кандидати до медиумите, транспарентноста и отчетноста, финансирањето на кампањата, но и мерките против притисокот врз гласачите и злоупотреба на административни ресурси.

„Навистина сум загрижен за бројот на пријавени жалби и неправилности. За да ги оцениме овие избори детално, потребен ни е конечниот извештај на мисијата на ОБСЕ. Императив е сите изборни недостатоци и приговори вистински да се решат преку институциите на Србија“, вели Билчик.

„Сметаме на нивната целосна посветеност на соработката со меѓународните организации“, наведе Билчик.

Пред српската Републичка изборна комисија попладнево се одржа петтиот по ред протест на граѓаните и опозицијата кои бараат повторување на изборите во Белград, но и во Србија. Уште двајца политичари од опозицијата стапија во штрајк со глад, а студентите и членовите на коалицијата Србија против насилството најавуваат голем митинг за в недела, и радикализација на протестите од понеделник. Протести имаше и во Ниш, јавија српските медиуми зш/

Остани поврзан