Били Ајлиш ја објави новата „Џејмс Бонд“ насловна песна (видео)
- Четириминутната балада којашто говори за предавство и очај, е објавена точно на полноќ. Автори се Ајлиш и нејзиниот постар брат Финеас О’Конел.
Лос Анџелес, 14 февруари 2020 (МИА) - Американската тинејџерска поп-ѕвезда Били Ајлиш ја објави насловната песна за најновиот „Џејмс Бонд“ филм, со истиот наслов - „No Time to Die“ (Не е време за умирање).
Четириминутната балада којашто говори за предавство и очај, е објавена точно на полноќ. Автори се Ајлиш и нејзиниот постар брат Финеас О’Конел.
Ајлиш е најмладата музичарка во историјата што напишала песна за некој филм за „Џејмс Бонд“ серијалот. Пред неа, за насловните песни беа најмувани Адел, Мадона, Пол Мекартни, Тина Тарнер и други познати пејачи.
Песната „No Time to Die“ е објавена на Јутјуб и други платформи за музика. си/
https://www.youtube.com/watch?v=GB_S2qFh5lU