• понеделник, 23 декември 2024

Биг Бен не заѕвони за националната минута молк, отворена истрага

Биг Бен не заѕвони за националната минута молк, отворена истрага

Лондон, 19 септември 2022 (МИА) - Портпаролот на британскиот Парламент синоќа изјави дека е покрената истрага поради тоа што Биг Бен не ѕвонеше, како што било планирано - на почетокот и крајот на едноминутното национално молчење во чест на починатата кралица Елизабета Втора.

- Ова го истражуваме како итна работа, но убедени сме дека тоа нема да влијае на биењето на камбаните утре за време на државната погребна поворка, изјави синоќа претставникот на властите. Велика Британија со едноминутно молчење точно во 20 часот по британско време ѝ оддаде почит на кралицата, но Биг Бен не ѕвонеше на почетокот и на крајот од молкот, како што беше планирано. Откако заврши молкот, луѓето ракоплескаа. Најголемата саат-кула во светот со камбанарија, лондонскиот Биг Бен, ќе игра важна улога утре, кога е планирано да ѕвони во интервали од една минута за време на погребот на кралицата додека државната погребна поворка тргнува од Вестминстерската опатија.  си/

Остани поврзан