• сабота, 23 ноември 2024

Би-Би-Си се извини за објавувањето неточна вест за операцијата на ИДФ во болницата Ал-Шифа

Би-Би-Си се извини за објавувањето неточна вест за операцијата на ИДФ во болницата Ал-Шифа

Лондон, 15 ноември 2023 (МИА) - Би-Би-Си денеска јавно им се извини на гледачите откако нејзина водителка тврдеше дека израелските војници, за време на утринската операција во болницата Ал-Шифа, во Газа, за свои цели земале медицински персонал и лица кои го говореле арапскиот јазик.

„Ова беше неточно и погрешно беше цитиран извештајот на Ројтерс. Тоа што требаше да го кажеме е дека силите на ИДФ во оваа операција вклучија и медицински персонал и лица кои говорат арапски јазик“, соопшти подоцна британската телевизија.

„Се извинуваме за оваа грешка, која беше под нашите вообичаени уредувачки стандарди. Точната верзија на настанот беше емитувана неколку минути подоцна“, соопшти Би-Би-Си. 

Телевизиската компанија се најде под салва од критики поради известувањето за војната меѓу Израел и терористичката организација Хамас.

Извинувањето шристигна откако еврејските лидери го критикуваа радиодифузерот. Низ социјалните мрежи се прошири снимка во која новинарката цитира извештај од агенцијата Ројтерс. Новинарката кажува дека израелската армија потврдила дека ќе изврши „прецизна и насочена операција“ против терористичката група Хамас во болницата Ал-Шифа во Газа.

„Од Ројтерс слушнавме како Израел вели дека неговите сили спроведуваат операција против Хамас во болницата Ал-Шифа во Газа и за цел имаат луѓе, вклучувајќи и медицински тимови, како и лица кои говорат арапски јазик. Тие, исто така, велат дека Израел ги повикува сите оперативци на Хамас во болницата веднаш да се предадат“.сд/

фото: Х

 

Остани поврзан