• недела, 07 јули 2024

Бејџан Илјас реизбран за претседател на Демократската партија на Турците на Македонија

Бејџан Илјас реизбран за претседател на Демократската партија на Турците на Македонија
Скопје, 4 јули 2021 (МИА) - Актуелениот пратеник во Собранието, Бејџан Илјас повторно е избран за претседател на Демократската партија на Турците на Македонија (ДПТМ) на 10-от редовен партиски Конгрес, што се одржа денеска во Скопје. На Конгресот присуствуваа 290 од вкупно 330-те делегати од 43 ограноци на ДПТМ. Делегатите на Конгресот избраа и 49 члена на Централното собрание, како и пет члена на Надзорниот одбор на ДПТМ. сп/

Остани поврзан