• понеделник, 23 декември 2024

Бесплатен паркинг на зонските паркиралиралишта на ЈП „Градски паркинг“ за 11 Октомври

Бесплатен паркинг на зонските паркиралиралишта на ЈП „Градски паркинг“ за 11 Октомври

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје информира дека утре, по повод Денот на народното востание над фашизмот, јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата.

-Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така, ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува со редовно работно време 09:00 - 16:00 часот, додека, пак, јавните паркиралишта: Дом на печат, Народен фронт, АМСМ, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот, соопштуваат од ЈП Градски паркинг - Скопје.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, им го честита на граѓаните утрешниот празник - 11 Октомври! љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан