Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв
- Град Скопје воведува бесплатен паркинг на затворените паркиралишта (затворен паркинг простор со влезно-излезна наплатна рампа) на ЈП „Градски паркинг“ при дарување на крв за дарителите.
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Град Скопје воведува бесплатен паркинг на затворените паркиралишта (затворен паркинг простор со влезно-излезна наплатна рампа) на ЈП „Градски паркинг“ при дарување на крв за дарителите.
Оваа поволност, како што информираат од Град Скопје, денеска е усвоена од страна на Советот на Град Скопје, со Одлуката за давање согласност на Одлуката за дополнување на Ценовникот на услугите кои што ги извршува ЈП Градски паркинг – Скопје.
-Доброволното дарување на крв претставува одраз на високи етички, хумани и морални вредности и со оваа одлука Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ даваат поволност и дополнителна поддршка за сите крводарители, се вели во соопштението од Град Скопје.
Дополнително, со оваа одлука, се овозможува за сите лица-специјализанти кој ја обавуваат специјализацијата во рамките на Комплекс Клиники Мајка Тереза, да се паркираат со истите услови како и останатите вработени во Комплекс Клиники Мајка Тереза. аа/