• петок, 22 ноември 2024

Беспилотно летало влезе во петтиот реактор во Чернобил

Беспилотно летало влезе во петтиот реактор во Чернобил
Москва, 3 декември 2020 (МИА) - Беспилотно летало наречено „Елиос 2“ првпат по 33 години влезе во петтиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил. Леталото припаѓа на компанијата „Флајабилити“ (Flyability), а неговата задача беше да изврши инспекција на една од најопасните и најнепристапните локации во светот. Станува збор за нуклеарната централа во Чернобил каде се случи катастрофата во април 1986 година. Ова е прв пат да се провери петтиот реактор. Во времето на катастрофата, петтата единица на нуклеарната централа била во завршна фаза на изградба и затоа никогаш не била завршена, па дури и не се знаело дали базените во петтиот реактор содржат прачки со гориво осиромашено ураниум. Затоа беспилотното летало „Елиос 2“ влезе во реакторот и се утврди дека базените се празни, односно дека во реакторот нема нуклеарен отпад. Дронот „Елиос 2“ вообичаено се користи за проверка на нуклеарните централи. Леталото може да утврди колку време е потребно да се затвори нуклеарната централа за да се изврши проверка на тие клучни задачи за одржување. Мисијата во Чернобил беше тешка, бидејќи беспилотното летало мораше да прелета преку ѕид висок 70 метри, а доколку имаше загуба на сигналот, дронот ќе се изгубеше. Сепак, мисијата беше успешна, што покажуваат и снимките и фотографиите од  дронот. паг/ https://www.youtube.com/watch?v=yyZZSyCmBqY&feature=emb_logo

Остани поврзан