• вторник, 25 јуни 2024

Бернардо Силва изедначи рекорд на Роналдо во Премиер лигата

Бернардо Силва изедначи рекорд на Роналдо во Премиер лигата

Лондон, 28 декември 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва, беше творец на асистенција на вчерашниот натпревар од 19. коло од англискиот шампионат против Евертон.

Сити на гостински терен го победи Евертон со 3:1, а Силва изедначи рекорд на Роналдо.

Силва се најде на второто место меѓу португалските играчи по асистенции во Премиер лигата. Има 37 асистенции. Според овој показател, тој се изедначи со Кристијано Роналдо.

Најмногу асистенции во Премиер лигата меѓу португалците има Нани – вкупно 43. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан