• сабота, 06 јули 2024

Берлускони: Сакам со Монца да ги освојам ЛШ и Серија А 

Берлускони: Сакам со Монца да ги освојам ЛШ и Серија А 
Монца, 30 мај 2022 (МИА) - Сопственикот на новиот италијански фудбалски прволигаш Монца, Силвио Берлускони, еден ден  по историскиот пласман во Серија А, изјави дека сега следни цели на клубот се шампионската титула во Италија и трофејот во Лигата на шампиони. Во финалето од плејофот за пласман во Серија А, Монца во неделата вечер ја совлада Пиза по продолжение со 4-3, откако во првиот натпревар на домашен терен триумфираше со 2-1. - Мислевме дека ќе успееме и минатата година, но немавме среќа. Се боревме цела сезона, не беше лесно, но успеавме и сега сме во Серија А, изјави Берлускони. Формирана во 1912 година, Монца банкротираше во 2016 и мораше повторно да почне од амтерско ниво. Две години подоцна клубот го купи поранешниот италијански премиер и сопственик на Милан, Силвио Берлускони и сега првпат во клупската историја ќе игра во Серија А. - Сега кога сме во Серија А мораме да ја освоиме титулата, да се пласираме во Лигата на шампиони и таму да триумфираме. Јас сум навикнат на победи, па ќе видиме. Ова беше одлична година со добри резултати за моето срце. Милан стана шампион на Италија, а Монца се пласираше во Серија А, додаде Берлускони. ег/ми/

Остани поврзан