• петок, 22 ноември 2024

Берлускони повторно примен во болница

Берлускони повторно примен во болница
Рим, 27 август 2021 (МИА) - Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е примен во болницата „Сан Рафаел“ во Милано, објави неименуван извор од неговата партија Форца Италија. Тој рече дека Берлускони (84) синоќа бил примен во болница на „темелно клиничко испитување“, без да даде детали. Берлускони беше во болница во неколку наврати минатата година, откако се зарази со коронавирусот во септември лани. Тогаш го нарече вирусот „најопасниот предизвик“ во неговиот живот. Берлускони, кој беше премиер на Италија четири пати, имаше операција на срце во 2016 година, а исто така имаше и рак на простата. Тој беше примен во болница во мај, кога помина пет дена во „Сан Рафаел“. паг/  

Остани поврзан