• четврток, 19 декември 2024

Беретини го освои првиот турнир по операцијата

Беретини го освои првиот турнир по операцијата
Штутгарт, 12 јуни 2022 (МИА) – Италијанскиот тенисер Матео Беретини го освои трофејот на АТП турнирот во Штутгарт победувајќи го денес во финалето Енди Мареј со 6:4, 5:7 и 6:3. Во Германија, десеттиот на светската ранг-листа го играше првиот турнир од средината на март. Тој пропушти три месеци поради повреда на раката која беше санирана со операција. Беретини ја освои својата шеста титула во кариерата и трета на трева. Во Штутгарт Италијанецот по втор пат го освои трофејот, првиот беше во 2019 година. Генерално, од 2019 година, Беретини го играше својот 30-ти натпревар на трева и ја извојува 27-та победа. зс/

Остани поврзан