• понеделник, 23 декември 2024

Бергвијн, Данило и Симакан потпишаа за саудиски клубови

Бергвијн, Данило и Симакан потпишаа за саудиски клубови


Ријад, 3 септември 2024 (МИА) – Саудиските прволигашки фудбалски тимови продолжија да се засилуваат со истакнати европски играчи.
Ал-Итихад ги доведе холандскиот репрезентативен напаѓач Стивен Бергвијн од Ајакс и португалскиот одбранбен играч за врска Данило Переира од ПСЖ, додека вицешампионот Ал-Наср го ангажираше поранешниот млад француски репрезентативен дефанзивец Мохамед Симакан од РБ Лајпциг.
Ал-Итихад плати отштета од околу 21 милиони евра за 26-годишниот Бергвијн, додека обесштетувањето за 33-годишниот Данило не е објавено.
Според германските медиуми, Ал-Наср платил 45 милиони евра за 24-годишниот Симакан. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан