Бербок: Украинското жито не може да биде оставено да изгние во сиросите
- На стотици илјади луѓе, да не речам милиони, итно им треба украинско жито, затоа работиме со сите наши меѓународни партнери за да не скапува во силосите во следните неколку недели, туку да стигне до луѓето во светот на кои итно им е потребно, заклучи Бербок на средбата во Брисел.
Брисел, 20 јули 2023 (МИА) - Германија заедно со своите сојузници работи да се обезбеди украинското жито да не се остави да скапува во силосите откако Русија се повлече од договорот за извоз на житото преку Црно Море, а Берлин ќе ја забрза работата за извоз на житото со железница, изјави денеска шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, цитирана од британските меидуми.
Зборувајќи на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на Европската унија во Брисел, Бербок ја обвини Русија за уцена и обиди да го искористи житото како оружје на сметка на најсиромашните во светот.
Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини западните земји дека „не го почитуваат“ договорот за жито, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција.
-На стотици илјади луѓе, да не речам милиони, итно им треба украинско жито, затоа работиме со сите наши меѓународни партнери за да не скапува во силосите во следните неколку недели, туку да стигне до луѓето во светот на кои итно им е потребно, заклучи Бербок на средбата во Брисел. сд/