• понеделник, 23 декември 2024

Бербок: Израел мора да ја прилагоди воената стратегија за да ги заштити цивилите во Газа

Бербок: Израел мора да ја прилагоди воената стратегија за да ги заштити цивилите во Газа

Берлин, 15 декември 2023 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска го повика Израел да ја прилагоди својата воена стратегија со цел да ја подобри заштитата на цивилите во Појасот Газа. 

Бербок всушност ги повтори сличните барања од Вашингтон, изјавувајќи дека човечкото страдање во Газа мора конечно да престане, пренесуваат британските медиуми. 

За време на прес-конференцијата во Берлин, каде што беше присутен и нејзиниот либански колега Абдалах Бу Хабиб, Бербок додаде дека Германија бара од сите арапски земји да го повикаат Хамас да го предаде оружјето. 

-На тој начин тие можат да ја искористат својата преговарачка моќ за да помогнат во ослободувањето на заложниците во Газа“, рече министерката. 

Бербок претходно го повика Израел да дозволи поголема испорака на хуманитарна помош, „особено на северот на Појасот Газа, каде воените дејствија се целни и предизвикуваат помалку цивилни жртви“. 

Шефицата на германската дипломатија постојано укажува на политичкиот компромис како единствено решение за кризата во Газа и ја нагласува важноста од запирање на ширењето на конфликтот.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан