• вторник, 05 ноември 2024

Бен Афлек и Џенифер Лопез ги подготвиле документите за развод

Бен Афлек и Џенифер Лопез ги подготвиле документите за развод

Лос Анџелес, 1 авгyст 2024 (МИА) - Џенифер Лопез и Бен Афлек се пред развод, односно документите за развод се финализирани, но сѐ уште не се доставени, потврдија неколку извори блиски на двојката за „Дејли мејл“ (Daily Mail).

„Тие ја направија документацијата пред еден месец, но го чекаат вистинското време да го објават тоа. Џенифер и Бен ќе дадат заедничка изјава за тоа дека се бореле за нивната врска, но не успеале. Не можат да дојдат до компромис. Она што претходно го имаа, исчезна и тие го прифатија тоа“, вели изворот.

Инаку, Бен купил замок од 20,5 милиони долари неколку дена откако двојата го ставила својот дом во населбата Беверли Хилс на продажба. Ова наводно уште повеќе ја налутило Џенифер. Двојката последен пат беше фотографирана заедно на 30 март. Оттогаш, тие го минуваат своето време одвоено - Џенифер патува, а Бен е во Лос Анџелес. Дури и втората годишнина од бракот ја минале на различни места.

Светските медиуми веќе некое време пишуваат за сѐ поизвесниот развод на славната двојка. Гласините се засилија по наводите дека пејачката и глумецот ја продаваат вилата што заедно ја купија пред една година, потсетува „Индекс“.

Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм „Атлас" во мај. Потоа двојката беше видена заедно на кошаркарски натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што повторно привлекоа внимание со своето однесување. Латинопејачката го прослави својот роденден на крајот на јули, но без Афлек на забавата.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан