• сабота, 23 ноември 2024

Бен Афлек ги изненади обожавателите со својот „течен“ шпански

Бен Афлек ги изненади обожавателите со својот „течен“ шпански

Лос Анџелес, 7 април 2023 (МИА) - Американскиот глумец Бен Афлек ги изненади своите обожаватели со својот прилично солиден, „течен“ шпански... Така што, некои велат и дека подобро се изразува од неговата сопруга Џенифер Лопез, на која шпанскиот ѝ е мајчин јазик.

Последниве денови Афлек го промовира својот нов филм „Воздух“ (Air) за светскиот хит на „Најки“ - патиките „Ер Џордан“. По тој повод тој даде изјава на шпански јазик и за шпанската радиостаница „Кадена СЕР“.

- Битното што треба да се знае за филмот е дека не се работи за Мајкл Џордан и во него нема кошаркари, нагласи Афлек, објаснувајќи дека Џордан е толку голем, што веројатно ниту еден глумец „не може да го прикаже или да биде доволно убедлив“. - Тоа би го уништило филмот. Луѓето веднаш би го критикувале кастингот и би рекле дека филмот е неубедлив, додаде Афлек.

„Па, тој зборува шпански подобро од мене, а тоа е мојот мајчин јазик“, „Кој е ова, по ѓаволите? Човеку, тој толку добро говори шпански", „Се изразува подобро од Џеј Ло на шпански јазик" - гласат дел од коментарите за изјавата.

Некои го погодуваа и неговиот нагласок - дали е порторикански, мексикански... Така, веројатно, вториве се во право. Всушност, Афлек еднаш откри дека го научил шпанскиот јазик додека снимал ТВ-серија во Мексико како тинејџер. Подоцна само го надградил своето знаење поради ќерка му Вајолет, која исто така, почнала да учи шпански.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан