• петок, 05 декември 2025

Бенфика ги извести властите за разговорите со Мурињо

Бенфика ги извести властите за разговорите со Мурињо

Лисабон, 18 септември 2025 (МИА) - Бенфика ја извести Португалската комисија за хартии од вредност дека води разговори со Жозе Мурињо во врска со назначувањето на главен тренер, објавено е на официјалната веб-страница на тимот.

Во соопштението на Бенфика се наведува дека се очекува разговорите да завршат наскоро.

Претходно, инсајдерот Фабрицио Романо објави дека клубот се договорил за соработка со 62-годишниот Португалец до 2027 година.

По поразот (2:3) пред два дена од Карабах во првото коло од Лигата на шампионите, Бенфика објави дека го отпушти тренерот Бруно Лаге. 

Мурињо беше отпуштен од Фенербахче на почетокот на септември по елиминацијата од Бенфика во квалификациите за Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан