• вторник, 26 ноември 2024

Белоруските власти принудија авион на Рајнер да слета во Минск поради опозициски блогер

Белоруските власти принудија авион на Рајнер да слета во Минск поради опозициски блогер
Минск, 23 мај 2021 (МИА) - Белоруските власти денеска наредија на авионот на Рајанер кој сообраќал од Грција до Летонија принудно да слета во Минск. По слетувањето на авионот уапсен е еден од главните блогери и активисти на опозицијата. Полицијата го уапси Роман Проташевич, по кого трагаа белоруските власти поради неговото учество во минатогодишните масовни протести што избија по изборната победа на претседателот Александар Лукашенко. Проташевич е еден од основачите на опозициските вести НЕКСТА, канал што стана еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија. Авионот на релација Атина - Вилнус се наоѓал во воздушниот простор на Белорусија и скоро стигнал до Литванија кога пилотот бил принуден да го смени правецот. Белоруските власти побарале авионот принудно да слета со образложение дека содржи експлозив, но ништо не е пронајдено во леталото. Според белоруската државната новинска агенција БеИТА, претседателот Лукашенко лично наредил авионот на Рајнер да биде придружуван од воен авион. Компанијата Рајанер сè уште не го коментитала инцидентот. ми/

Остани поврзан