• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Белгија троши една милијарда евра годишно за баратели на азил во земјата

Белгија троши една милијарда евра годишно за баратели на азил во земјата

Брисел, 24 март 2025 (МИА) – Белгија троши една милијарда евра годишно за баратели на азил во земјата, покажуваат владините документи за подготвените промени во пристапот кон миграцијата, цитирани од локалните медиуми.

Се истакнува дека белгиската влада повеќе не може да си дозволи такви трошоци и предлага натамошна централизација на процесите поврзани со проценката на барањата за меѓународна заштита и формирање посебно министерство за миграција. Главната цел на измените е да се направи Белгија помалку привлечна за бегалците. Статистиката покажува дека во јануари 3.000 мигранти биле оставени надвор од пренатрупаните места за сместување поради недостиг на капацитети за прием.

Засега на мигрантите кои аплицираат за заштита не им се дава веднаш место во бегалски центар и поради тоа често стануваат скитници бездомници, пренесе БТА. Белгиските власти планираат да продолжат со разгледувањето на барањата за азил првенствено преку писмена процедура, што би ги намалило позитивните одговори, велат невладините организации. Властите планираат да ги забрзаат процедурите за доброволно враќање на оние чии барања се одбиени.

На почетокот на овој месец, Европската комисија презентираше предлози за подобрување на миграциската ситуација во ЕУ, вклучително и воведување можност за илегалните мигранти да бидат вратени во центри надвор од ЕУ. Комисијата, исто така, предложи земјите на ЕУ меѓусебно да ги признаат одлуките за враќање на мигрантите. Според податоците на ЕК, ЕУ досега успеала да врати само 20 отсто од мигрантите без право на престој. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан