• недела, 22 декември 2024

Белгија го суспендира барањето за екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија

Белгија го суспендира барањето за екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија
Брисел, 17 февруари (МИА) - Белгија нема да ги екстрадира функционерите на каталонската сепаратистичка партија Карлос Пуџдемон и Тони Комин пред Европскиот парламент да се изјасни за барањето за укинување на имунитетот на тие европратеници, пресуди денеска белгискиот суд. Еден од нивните адвокати Симон Бекаерт ја потврди одлуката на советодавната комора на фламанскиот суд во Брисел. - Судијата одлучи да го одложи барањето за екстрадиција на неодредено време ... сè додека Европскиот парламент не донесе одлука за барање за укинување на имунитетот, рече адвокатот. Пуџдемон, поранешниот претседател на Каталонија и Комин, еден од неговите поранешни министри, избегаа во Белгија на крајот на октомври 2017 година по обидот за отцепување на регионот. Шпанија ги обвинува за бунт и веќе издала неколку европски потерници за нивно апсење. Пуџдемон и Комин се европратеници и уживаат имунитет врз оваа основа. паг/    

Остани поврзан