• недела, 22 декември 2024

Белгија без Онана против Италија и Франција

Белгија без Онана против Италија и Франција


Брисел, 7 октомври 2024 (МИА) – Белгиската фудбалска репрезентација ќе биде без услугите играчот за врска Амаду Онана (23) на натпреварите од Лигата на нации против Италија и Франција закажани за 10 и 14 октомври поради повреда на бутниот мускул.
Фудбалерот на Астон Вила се повреди на минатонеделниот дуел со Баерн во Лигата на шампионите и го пропушти вчерашниот премиерлигашки натпревар против Манчестер Јунајтед.
На местото на Онана во репрезентацијата на Белгија повикан е фудбалерот на Волфсбург Астер Вранкс. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан