• петок, 05 декември 2025

Белгиски судии за Шкендија - ФЦСБ во Скопје

Белгиски судии за Шкендија - ФЦСБ во Скопје

 

Нион, 18 јули 2025 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) одреди денеска судиски тим од Белгија за првиот натпревар од 2. квалификациско во Лигата на шампиони во кој македонскиот првак Шкендија во Скопје го пречекува романски ФЦСБ.

Главен судија ќе биде 37-годишниот Белгиец Натан Вербомен, а ќе му помагаат сонародниците Матијас Хиларт, Рубен Винс и Весли Де Кремер.

За судии во ВАР собата се одредени Ерик Ламбрехт и Ела Де Врис, исто така од Белгија.

Натпреварот е закажан за во вторник од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“, додека реваншот во Букурешт ќе се игра на 30 јули од 19:30 часот на стадионот „Стеауа“.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан