• недела, 07 јули 2024

Белгиски борбен авион пресретна руски авиони

Белгиски борбен авион пресретна руски авиони
Њујорк, 21 април 2020 (МИА) - Белгиски борбен авион Ф-16 кој патролирал во балтичкиот регион пресретнал два руски авиона кои летале над американски носач на авиони во близина на брегот на Литванија, соопшти денеска НАТО. Тоа се случило во петокот, а видео-снимка објавена од воздушната команда на НАТО ги прикажува руските авиони како летаат во меѓународниот воздушен простор на Балтичкото Море над американскиот носач „Доналд Кук“, пренесува „Бизнис инсајдер“. „Белгиски бомбардер Ф-16 професионално ги пресретна руските авиони“, се наведува во соопштението. паг/

Остани поврзан