• петок, 22 ноември 2024

Белгиска министерка предлага построг закон против хулиганите на фудбалските стадиони

Белгиска министерка предлага построг закон против хулиганите на фудбалските стадиони

Брисел, 14 ноември 2022 (МИА) – Министерката за внатрешни работи на Белгија Анелис Вандерлинден изрази волја да го заостри законот против хулиганизам на фудбалските стадиони, јави дописничката на МИА од Брисел.

Министерката Вандерлинден денеска се сретна со директорите на белгиската професионална лига, по викендот полн со насилни инциденти на фудбалските стадиони во Белгија, пред сѐ во градот Шарлероа.

Според министерката за внатрешни работи, потребно е да се зајакне борбата против хулиганизмот. Таа денеска поднесе и предлог закон со кој се предвидува поголема одговорност на фудбалските клубови, повисоки санкции и построги услови за пристап до стадионите. Министерката оценува дека е потребно поостро да се казнат клубовите кои не ги почитуваат постоечките правила против спортскиот хулиганизам, а забраната за влез на стадион да премине од пет на десет години во случај на санкции.

Вандерлис повика сите партнери во коалициската влада и во Парламентот во Белгија да дадат поддршка за овој предлог. тм/паг/

Остани поврзан