Бела куќа: САД не можат да се потпираат на Кина за полуспроводници, смартфони и лаптопи
- Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, преку соопштение посочи дека Трамп обезбедил инвестиции вредни трилиони долари во САД од компании како „Епл“ и „Нвидија“.

Вашингтон, 12 април 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека САД не можат да се потпираат на Кина за производство на клучни технологии, како што се полуспроводници, чипови, паметни телефони и лаптопи, соопшти Белата куќа откако овие производи беа исклучени од повисоките царини.
Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, преку соопштение посочи дека Трамп обезбедил инвестиции вредни трилиони долари во САД од компании како „Епл“ и „Нвидија“.
– По налог на претседателот, овие компании брзаат да го пренесат производството назад во САД што е можно поскоро, изјави Левит. ссм/
фото: архива