• недела, 24 ноември 2024

Бела куќа: Руската инвазија е стратешка катастрофа за Русија

Бела куќа: Руската инвазија е стратешка катастрофа за Русија
Вашингтон, 1 април 2022 (МИА) – Директорката за комуникации на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, рече дека САД имаат докази дека руската инвазија на Украина е „стратешка катастрофа“ за Русија. Таа додаде дека Русија ќе се соочи со дополнителни санкции поради инвазијата. - Самиот Путин рече дека овие санкции предизвикаа невидени трошоци за руската економија, а нашата улога е да продолжиме да ја зајакнуваме Украина на бојното поле, рече таа. Бедингфилд наведе дека во моментов нема планови за комуникација меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин. јт/

Остани поврзан