• недела, 22 декември 2024

Бела куќа: Не е момент за средба меѓу Бајден и Путин

Бела куќа: Не е момент за средба меѓу Бајден и Путин
Вашингтон, 3 март 2022 (МИА) - Во моментов нема планови за средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, истакнувајќи дека „сега не е време за тоа“. - Не планираме нивна средба, ниту телефонски повик. Претседателот Бајден беше многу јасен за тоа. Но, ние ги имаме тие разговори интерно и мериме голем број фактори, истакна Псаки за Си-Ен-Ен. На прашањето дали би постоеле околности во кои Бајден би можел да седне на иста маса со Путин, доколку руските војници останат во Украина, Псаки рече дека не може да го процени тоа. - Во овој момент тие вршат инвазија на суверена земја и продолжуваат да ескалираат секој ден. Никогаш нема да ја повлечеме дипломатијата од маса, но сега не е време за тоа, нагласи претставничката на Белата куќа. Таа додаде дека американската администрација „нема проценка“ дали се приближува до забраната за увоз од Русија. Псаки, исто така, изјави дека тоа е политички процес, додавајќи дека „понекогаш тие потези се движат брзо и често постојат голем број фактори за кои се разговара кога се носат такви одлуки“. Портпаролката не сакаше директно да одговори дали Бајден верува оти Русија на крајот ќе го окупира Киев, наведувајќи „дека нивните аспирации продолжуваат“, наведува Си-Ен-Ен. гт/

Остани поврзан