• сабота, 18 мај 2024

Белата куќа повика на итен прекин на огнот меѓу страните во суданскиот конфликт

Белата куќа повика на итен прекин на огнот меѓу страните во суданскиот конфликт

Вашингтон, 24 април 2023 (МИА) - Белата куќа побара завојуваните страни во Судан веднаш да ги прекинат непријателствата и да обезбедат заштита на цивилите, допдека САД продолжуваат да ги евакуираат своите граѓани од таа африканска држава.

Советникот за национална безбедност во американското претседателство, Џејк Саливан, изјави дека американски граѓани кои сакаат да бидат повлечени од Судан почнале да пристигнуваат во Порт Судан, а Вашингтон им помага.

Саливан додаде дека нема планови за распоредување американски мировници во Судан.

Кон крајот на минатата недела, американската војска го евакуираше дипломатскиот персонал од Картум и привремено ја затвори својата амбасада.

Саливан рече дека желбата на неговата земја е мисијата да продолжи со работа штом ќе се обезбедат услови. зш/
фото - ЕПА

Остани поврзан