• сабота, 21 декември 2024

Белата куќа изрази огорченост по смртта на седум работници на невладина организација во израелски напад во Газа

Белата куќа изрази огорченост по смртта на седум работници на невладина организација во израелски напад во Газа

Вашингтон, 2 април 2024 (МИА) - Белата куќа изрази огорченост по загинувањето на седум вработени во невладината организација „Светска централна кујна“ во израелски напад во Појасот Газа, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Американскиот претседател Џо Бајден имал телефонски разговор со основачот на невладината организација - шпанскиот готвач Хозе Андрес, во кој му кажал дека срцето му е скршено поради веста за нападот врз вработените во организацијата.

Карин-Жан-Пјер рече дека ќе биде испратена јасна порака до Израел дека хуманитарните работници мора да бидат заштитени.

Еден од убиените хуманитарни работници имал и американско државјанство, според светските агенции. Меѓу другите жртви на нападот на конвојот на невладината организација има државјани на Австралија, Велика Британија и Полска, како и Палестинци.

Израел веќе вети дека ќе спроведе независна истрага. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан