• недела, 22 декември 2024

Бектеши: Политичари што ја блокираат државата давале концесии преку кои добиле акции во странски компании

Бектеши: Политичари што ја блокираат државата давале концесии преку кои добиле акции во странски компании

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање вечерва на трибината со која од Скопје почна кампањата „Ние сме Европа“, изјави дека има „политичари кои сакаат да ја блокираат државата“ кои, како што рече, „давале концесии преку кои добиле акции во странски компании“.

-А тие компании каде што тие се акционери денес се сведоци против државата и тие мислам дека не треба да ја имаат поддршката од нашите граѓани. Затоа што освен што ја краделе државата додека владееле и биле министри, сега сакаат да добијат дополнително и отштета што би требало да ја плаќаат нашите граѓани, рече министерот.

Додаде дека името нема да го каже и дека треба,  како што рече, „да го барате во Белата палата“.

-Министер од ВМРО-ДПМНЕ, а името ќе го кажеме за неколку месеци откако ќе заврши судската постапка, додаде  Бектеши. хс/ев/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан