Бектеши на неформален министерски состанок на Енергетска заедница во Тепелена
- Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на неформалниот министерски состанок на Енергетска заедница, што ќе се одржи во Тепелена, Република Албанија.
Скопје, 30 јуни 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на неформалниот министерски состанок на Енергетска заедница, што ќе се одржи во Тепелена, Република Албанија.
Со состанокот, како што соопштија од Министерството за економија, ќе преседава Белинда Балуку, вицепремиер на Албанија, која е земја преседавач со Енергетска заедница за 2023 година.
Најавено е дека на состанокот ќе се дискутира за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница.
Министерите на земјите членки на Енергетската заедница на состанокот ќе ја разгледуваат и имплементацијата на патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница, а ќе дебатираат и за подготвеноста на енергетските системи и чекори кои ќе се преземат од земјите членки за престојната зима. цр/вг/
Фото:МИА