• понеделник, 23 декември 2024

Бектеши: Има заинтересирани за изградба на гасоводот до Грција, се бара и инвеститор за две гасни централи

Бектеши: Има заинтересирани за изградба на гасоводот до Грција, се бара и инвеститор за две гасни централи

Скопје, 14 јануари 2024 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека има многу заинтересирани фирми за изградба на интерконекторот за гас кој ќе не поврзе со Грција.

-Ова значи дека земјава нема да зависи само од рускиот гас, а моментално се бара инвеститор за две гасно водородни централи, изјави Бектеши во неделното интервју за Радио Слободна Европа. 

Имајќи предвид дека сме при крај од изградбата на новиот интерконктор заедно со Република Грција кој треба да го зголеми капацитетот во државава во делот на снабдување со природен гас, но и со можност во иднина да можеме да пренесеме и водород, посочува министерот, почнавме и постапка за изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија.

-Но, не само ова туку и за топлинска енергија особено во Битола, а се предвидува дополнително да се користи модел јавно приватно партнерство и во Осломеј каде би можело да се развие и топловодна мрежа за Кичево како што го имаме тоа во Скопје, посочува министерот.

Во делот за Неготино, вели Бектеши, таму се планира таа да се конвертира во гасна и водородна централа.

-И ние како министерство веќе донесовме одлука за да доставиме писмо за интерес на нашите соседни држави, бидејќи предвидуваме да имаме голем капацитет со над 600 МВ часови каде би се вклучиле нашите соседи особено од Западен Балкан. Имавме предвид дека на тој начин нашиот енергетски систем би го направиле регионален и на тој начин би се споиле и пазарите за да имаме пофункционална берза и да имаме сигурност во делот и на снабдувањето со струја, рече министерот за економија.

Појасува дека во делот на Рек Битола и Рек Осломеј тоа ќе биде во постоечките локации, додека во Неготино ќе има целосно нова централа и за тоа ќе се побара да се вклучат и нашите соседи.

-Ако не тогаш ќе биде со помал капацитет согласно потребите на нашата држава и воедно ќе биде инвстиција од страна на ЕСМ преку модел на јавно приватно партнерство каде би се вклучиле и приватни партнери кои имаат искуство и технологија за да може да се конвертира во водородна централа, вели, меѓу другото, министерот Бектеши во интервјуто. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан