Беким Ќоку назначен за координатор на пратеничката група на ВЛЕН
- Како што соопштуваат од Собрание, измените во раководната структура на групата се направени во согласност со член 34, став 9 од Деловникот на Собранието. Покрај назначувањето на Ќоку, за заменици-координатори се именувани пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи.
Скопје, 15 мај 2025 (МИА) – Пратеникот Беким Ќоку е новиот координатор на пратеничката група на ВЛЕН, согласно официјалното известување доставено до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши.
Како што соопштуваат од Собрание, покрај назначувањето на Ќоку, за заменици-координатори се именувани пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи.
Ажурираниот состав на групата вклучува девет пратеници: Африм Гаши, Аднан Азизи, Беким Ќоку, Калтрина Беќири, Имерлије Салиу, Саранда Имери, Фериде Хаџиу, Мерита Колчи Коџаџику и Беким Сали. ар/нд/
Фото: МИА архива