• понеделник, 23 декември 2024

Беким Поцеста слави победа во Дебар

Беким Поцеста слави победа во Дебар
Дебар, 17 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Дебар од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Беким Поцеста е победник во првиот круг на локалните избори, каде според партиски извори Поцеста освоил 3.999,  кандидатот на ДУИ поддржан од СДСМ Хекуран Дука 3.707, додека третиот кандидат Петрит Клења од ДПА, десет гласови. Беким Поцеста е роден во Дебар 1968 година, оженет е и  татко на две деца. Дипломирал на Медицински факултет, по што специјализирал кардиологија. Моментно е на постипломски студии, работи во Клиниката за кардиологија во Скопје, каде во еден период беше и директор. Во изминатите четири циклуси локални избори победуваа кандидатите за градоначалници од ДУИ, а освојуваше најголем број советнички места, поради што Дебар се сметаше за бастион на оваа партија. За 15-члениот општински совет имаше пет листи и тоа од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса и со заедничка листа настапија Алијанса за Албанците-Алтернтива. вт/аа/

Остани поврзан