• понеделник, 23 декември 2024

Бекер: Новак како дете си постави цел да биде најдобар и е на прагот да ја оствари

Бекер: Новак како дете си постави цел да биде најдобар и е на прагот да ја оствари

Берлин, 1 февруари 2023 (МИА) - Шесткратниот грен слем шампион Борис Бекер смета дека победата на Австралија опен ќе му помогне на Новак Ѓоковиќ да ја оствари својата главна цел во кариерата.

- Новак има 35 години и знае дека на 40 нема да може да покаже такви резултати. Мислам дека по Австралија опен ќе има неверојатен период. Во Париз и на Вимблдон ќе има сосема поинаков настап и сосема поинаков обем на работа. Успехот е сон на неговиот живот, тој сака да стане најуспешниот играч во историјата. Како дете, рече: „Јас ќе бидам најдобар“, и беше во право. И сега тој е на прагот, изјави бекер.

Ѓоковиќ минатиот викенд го освои Австралија опен 2023. Србинот стигна до 22. Грен слем трофеј во кариерата. Според овој индикатор, тој се израмни со Рафаел Надал. зс/

Остани поврзан