• вторник, 05 ноември 2024

Бекамови купуваат вила на јадранот вредна 12 милиони евра

Бекамови купуваат вила на јадранот вредна 12 милиони евра

Будва, 3 август 2023 (МИА) - Дејвид и Викторија Бекам наводно сакаат да купат луксузна вила на Јадранот, поточно во Црна Гора, проценета на 12 милиони евра. Познатата двојка, според официјално непотврдени извори, неодамна испратила и официјално барање до агентите за понуда за имотот што веќе некое време се продава, пишува „Индекс“.

Луксузната куќа се наоѓа во градот Доња Ластва, „со неверојатен поглед на морето“, а според „Астра рил естејт“, се наоѓа на плац од 4.200 квадратни метри. Изградена е во четири ката што меѓусебно се поврзани со лифт, а во дворот, до базенот, има и градина со разни и различни растенија. Тука се наоѓа и маслиново дрво старо 800 - 1000 години.

Внатрешноста на вилата се состои од дневна соба со поглед на градот и морето, кујна, седум помали соби, вежбалница и други простории за забава.

Инаку, семејството Бекам го посети црногорското приморје во 2018 година, кога престојуваа на островот Свети Стефан.  си/сд/

Фото: ЕПА, „Астра рил естејт“.

Остани поврзан