• понеделник, 23 декември 2024

Без почитување на протоколите со часови се чека за подигнување документи за лична идентификација

Без почитување на протоколите со часови се чека за подигнување документи за лична идентификација
Скопје, 4 август 2021 (МИА) - По дури и над четири часа чекаат некои граѓани за да ги подигнаат своите документи за лична идентификација на плус 40 степени, без никаков ред и без почитување на протоколите против Ковид-19, во неклиматизираните простории на Одделението за управни работи при Секторот за внатрешни работи – Скопје, во зградата на МТВ. Граѓаните, меѓу кои и повозрасни лица, трудници и деца, доаѓаат уште во раните утрински часови, меѓутоа и тогаш има турканици, што траат се до завршувањето на работното време на ова Одделение. Дел од граѓаните се жалат дека чекаат „залепени“ едни до други некој да излезе од затворената врата на Оделението и велат дека никој не им објаснува како треба да постапат за да ги подигнат документите. Вратата се отвора на секои 20-тина минути до половина час и граѓаните се туркаат да го подадат ливчето на надлежното лице, без притоа да добијат објаснување уште колку ќе треба да чекаат за да го подигнат документот. Некои се жалат дека платиле и над 4000 денари за да добијат пасош по итна постапка, за на крај да се соочат со вакви нехумани услови. ац/сп/

Остани поврзан