• среда, 25 декември 2024

Без поголеми проблеми во сообраќајот по новиот снежен бран што го зафати Пијанечко-малешевскиот регион

Без поголеми проблеми во сообраќајот по новиот снежен бран што го зафати Пијанечко-малешевскиот регион
Делчево, 17 март 2021 (МИА) - Новиот снежен бран што го зафати Пијанечко-малешевскиот регион не предизвика сериозни последици по учесниците во сообраќајот. Надлежните од подружницата на „Македонија Пат“ информираат дека патиштатата се проодни, но апелираат на претпазливост поради можната појава на одрони долж магистралата А3.
-Иако имавме интензивни врнежи во изминатите два дена, особено во повисоките места, тоа не предизвика проблеми по однос на сообраѓајот. Патниот правец до граничниот премин Делчево е чист исто како и регионалните патни правци Делчево - Пехчево - Берово. На овие патни правци во овој период е можна појава на одрони поради што препорачуваме внимателно возење особено на делницата Делчево - Македонска Каменица, информираат од подружницата на „Македонија Пат“.
Оттаму додаваат дека дежурните екипи се постојано на терен и ќе продолжат да ги одржуваат сите патни правци проодни.
Како последица од снежните наноси и кашестиот мала незгода, како што информираат деурни граничари, синоќа околу 19 часот е регистрирана над делчевското селото Ѕвегор.
-При движење во правец од граничниот премин кон градот Делчево камион се излизга од патот, при што беше повикана шлеп служба за негово извлекување на коловозот. Не е забележана поголема материјална штета или повреди кај возачот, велат од граничната служба во Делчево.
Од утрово изразити врнежи од снег се забележани на територијата на Општина Берово додека најголема снежна покривка има на планината Голак.вс/бт/

Остани поврзан