• понеделник, 23 декември 2024

Без организиран дочек на Нова година во Нови Сад

Без организиран дочек на Нова година во Нови Сад

Нови Сад, 15 ноември 2024 (МИА) - Градот Нови Сад нема да организира дочек на Новата година ниту на Стара нова година, од почит кон жртвите од трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, каде што загинаа 14 лица, а три се тешко повредени.

Според соопштението од Градската управа, одлуката ја донел градоначалникот Милан Ѓуриќ. Тој изјави дека, од почит кон жртвите и сочувство со нивните семејства, градот се откажува од големите прослави, нагласувајќи дека солидарноста и заедништвото се најважни во овие тешки моменти.

„Градот ќе направи сè за да им помогне на семејствата на загинатите и повредените, обезбедувајќи им целосна поддршка и помош. Одговорните за овој трагичен настан ќе сносат целосна кривична одговорност согласно законите“, истакна Ѓуриќ. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан