• среда, 17 јули 2024

Без вода утре неколку улици во Сингелиќ и Стајковци

Без вода утре неколку улици во Сингелиќ и Стајковци
Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) - Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Фуштанска“, „Јужноморавски бригади“, „Жегљане“, „Среќко Пужалка“, селото Стајковци и со намален притисок населбата Сингелиќ. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради промена на два затворачи од Ф-125 мм,на ул.„Фаштанска“ бр.94 во населбата Сингелиќ. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.фф/дма/

Остани поврзан