• сабота, 06 декември 2025

Без вода дел од ул.„Ѓорѓи Сугаре“ во Кисела Вода

Без вода дел од ул.„Ѓорѓи Сугаре“ во Кисела Вода

Скопје, 27 октомври 2025 (МИА) - Поради дефект во шахта денеска во 13.30 часот прекинато е водоснабдувањето на корисниците на дел од ул.„Ѓорѓи Сугаре“ во општина Кисела Вода, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. 

Дефектот е настанат на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ бр. 6/2, каде ќе се работи на промена на вентил ф2. 

Прекинот на снабдувањето со вода ќе трае до отстранување на дефектот.лв/вј/

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан