Без вода делови од Пржино и Серава
- Поради дефект на приклучна цевка од ф 1 на улица „Славејко Арсов“ 42 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од високата зона на оваа улица и населбата Пржино.
Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка од ф 1 на улица „Славејко Арсов“ 42 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од високата зона на оваа улица и населбата Пржино.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Поради менување вентил во шахта на улица „Серава“ бр. 5 без вода ќе бидат корисниците оваа улица од 09:10 часот до завршување на работните активности. сст/нд/
фото МИА архива