• понеделник, 23 декември 2024

Безживотно тело извадено од Охридското Езеро

Безживотно тело извадено од Охридското Езеро
Охрид, 23 август 2022 (МИА) - Од водите на Охридското Езеро попладнево е извадено безживотно тело на жена, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Според него, безживотното тело било забележано околу 16 часот во близина на Канео и во полиција било пријавено од случаен минувач. - Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот и идентификација на лицето, изјави Димоски. сс/рп/

Остани поврзан