• понеделник, 23 декември 2024

Безбедносните сили ја завршија работата по терористичкиот напад, не се најдени грешки, оцени српскиот претседател

Безбедносните сили ја завршија работата по терористичкиот напад, не се најдени грешки, оцени српскиот претседател

Белград, 3 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека се анализира целиот случај со терористичкиот напад што се случи пред израелската амбасада во Белград во саботата, дека се анализираат и потенцијални грешки, но дека досега тие не се утврдени, јави дописникот на МИА од Белград.

-Многу тешка и напорна е оваа работа и многу е тешко секогаш да се проследи се, но ние се трудиме да го направиме тоа и овој пат нашите сили и полицијата и безбедносните агенции успеаја да ја завршат својата работа во согласност со законот и да го неутрализираат терористот и непријателот, рече Вучиќ во касарната Бањица, одговарајќи на новинарско прашање дали може да се смета за пропуст во работата на безбедносните служби тоа што напаѓачот им побегнал на жандармите вечерта пред самиот напад.

Вучиќ нагласи дека треба да се има предвид дека не е можно да се има доказ дека некој подготвува терористички акт.

Според него, обвинителството, а не Безбедносно-информативната агенција (БИА) е тоа што може самостојно да апси и како што рече „само БИА да се прашуваше и само МВР да се прашуваше, лицата одамна ќе беа зад решетки“. об/

Остани поврзан