• недела, 22 декември 2024

Безбедносната ситуација во Вашингтон под контрола пред доаѓањето на конвојот на Трамп во градот

Безбедносната ситуација во Вашингтон под контрола пред доаѓањето на конвојот на Трамп во градот

 

Вашингтон, 3 август 2023 (МИА) Неколку часа пред доаѓањето на поранешниот претседател Доналд Трамп за да му биде предјавено обвинение за попречување мирен трансфер на власта по претседателските избори во 2020 година, зградата на федералниот суд во Вашингтон е строго обезбедена од полицијата.  

Во престолнината засега е мирно со засилени безбедносни мерки. 

Федералната судска зграда Илајџа Берет Притимен е добро позната на набљудувачите, новинарите, но и судиите, обвинетите, адвокатите и сведоците – овде досега беа судени над 1,000 подржувачи на Трамп кои на 6 јануари 2021 година насилно упаднаа во американскиот Капитол, а по повикот да се запре потврдата на победата на претседателот Џо Бајден.  

Источниот дел од зградата преку улицата гледа кон Конгресот и имаше директен поглед на насилството што се одвиваше пред Капитолот на 6 јануари 2021 година. 

Членови на американската служба на маршали, агенти од тајната служа, полицијата на округ Колумбија и федерални безбедносни служби можат да бидат забележани околу безбедносните огради поставени пред зградата. 

Градската полиција на округот Колумбија се грижи за безбедноста во округот, додека тајната служба на САД е задолжена за заштита на поранешниот претседател, а службата на маршали се грижи за безбедноста во судската зграда.  

За заштита од насилни демонстрации и преминување на безбедносната бариера поставени се возила за чистење снег, сепак, не е јасно дали ќе бидат поместени кога конвојот со поранешниот претседател ќе пристигне пред зградата.   

Конвојот на Трамп во моментов од Бедминистер, Њу Џерси тргна во правец на аеродоромот во Њујорк и се очекува да пристигне во Вашингтон пред 16 часот по источноамериканско време. Експретседателот треба да се појави пред судијата некаде после 16 часот. 

Безбедносната ситуација во градот е строго конролирана како и за време на судското рочиште во Флорида, откако беше обвинет за незаконско отуѓување на строго доверливи документи, иако нема толкава раздвиженост и толку многу подржувачи како на задржувањето на Трамп во Њујорк. 

Објевно неделава во вторникот, федералното обвинение против Трампе е под четири точки: 

Заговор за измама на Соединетите Држави. Заговор за попречување на официјална постапка. Попречување на и обид за попречување на официјална постапка. Заговор против права на избирачите.  

Доналд Трамп се соочува со 78 тужби во три одделни дела за кои би можел да добие прилични затворски казни. Според Политико, ако биде прогласен за винован под сите точки, и осуден на максиум рок, експретседателот на САД се соочува со затворски казна во траење од вкупно 641 година. кб/ 
фото ЕПА

Остани поврзан