• понеделник, 04 ноември 2024

Бегај-Пирц Мусар за Косово: Дијалогот е неопходен, без решавање на ова прашање нема мир во регионот

Бегај-Пирц Мусар за Косово: Дијалогот е неопходен, без решавање на ова прашање нема мир во регионот

Тирана, 13 јули 2023 (МИА) – Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој е во дводневна официјална посета на Словенија и неговата колешка Наташа Пирц Мусар, на денешната заедничка прес-конференција, покрај другото се задржале и на ситуацијата на северот на Косово.

Нагласувајќи ја важноста на стабилноста во регионот, албанскиот претседател изјавил дека секое „старо или ново прашање во регионот треба да се реши со дијалог“.

-Албанија промовира мир, стабилност и безбедност во регионот. Ситуацијата на северот на Косово ни покажува дека стабилноста е многу важна. Наше е да изградиме мостови на комуникација. За секое ново или старо прашање мора да се разговара, решение доаѓа единствено преку дијалог. Да продолжи она што лидерите на Косово и Србија го прифатија во Брисел и анексите во Охрид, порачал Бегај, јави Топ чанел.

Од своја страна Пирц Мусар изкажала незадоволство од тоа што се случува на Косово и оценила дека во „регионот нема мир, доколку ова прашање не се реши“.

-Не сме задоволни од она што се случува таму. Мислам дека сме на исто патување, дека ако продолжи вака, не е добро за државите. Ако проблемот не се реши, нема да имаме мир во овој регион. Тоа ескалира до тој степен што слушнавме за движења на воени сили и остра реторика од двете земји.

Што поскоро треба да се одобри и почитува договорот потпишан за српските општини и ветувањето на Србија дека нема да го попречува патувањето на Косово кон Европа, изјавила словенечката претседателка.

Шефовите на двете држави разговарале и за евоинтегративниот пат на Албанија, за што Бегај добил гаранции за поддршка од Словенија, како и за билатераната сработка во повеќе области.вт/сд/

 

Фото: кабинет Бегај

Остани поврзан