• вторник, 02 јули 2024

Беверли ќе го пропушти третиот последователен натпревар поради повреда

Беверли ќе го пропушти третиот последователен натпревар поради повреда
Орландо, 23 август 2020 (МИА) – Тренерот на Лос Анџелес клиперс, Док Риверс најави дека Патрик Беверли нема да игра на четвртиот дуел од 1. коло од плејоф серијата против Далас (2-1). Плејмејкерот на тимот од Лос Анџелес ќе го пропушти третиот натпревар во низа со повреда на мускулот (листот) на левата нога. Беверли беше повреден на 4 август за време на средбата со Феникс, по што испушти пет финални натпревари од регуларната сезона. Кошаркарот учествуваше на првиот натпревар од серијата против Далас, откако одигра 20 минути, но не беше во можност да влезе на теренот на втората и третата средба. зс/

Остани поврзан