Бајлс се врати на натпреварувањата и освои бронза на греда
- Американската гимнастичарка и една од најдобрите на светот, Симон Бајлс по проблемите со менталното здравје, денес се врати на натпреварувањата. Таа настапи во финалето на греда и освои бронз
Токио, 3 август 2021 (МИА) – Американската гимнастичарка и една од најдобрите на светот, Симон Бајлс по проблемите со менталното здравје, денес се врати на натпреварувањата. Таа настапи во финалето на греда и освои бронзен медал со резултат 14,000 бода.
Првите две места ги освоија гимнастичарки од Кина. Победи Хуан Ченчен со 14,633 бода.
Сребрениот медал отиде кај Сиџинг Танг со 14,233 бода.
Ова беше последната финална дисциплина за гимнастичарките на Олимпијадата во Токио. зс/